Во дебарското одделение за внатрешни работи во 15. минути по полноќ е приведен И.Ц. (55) од Дебар поради агресивно однесување кон полициски службеници.
– Тој претходно, по случена сообраќајна незгода на улицата „Братство Единство“ во Дебар, се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше Стефан Димовски портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Исто така информираше дека ОВР Кичево поднесло кривична пријава против И.М. (64) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „послужување во служба“.
-Тој, вработен како службено лице во државна агенција, неовластено се послужил со парични средства доверени од страна на агенцијата со кои, покрај горивото што го ставил во службеното возило, дополнително платил и за гориво што го искористил за лични цели, посочува Димовски