Вчера се прослави Бадник, а денес Христовото раѓање. Во Соборниот храм беше министерот за внатрешни работи, оливер спасовски, кој не сакаше да одговори на ниедно прашање на новинарите, освен прашањето за Божик и Бадник.
-Честит Божик, духовен мир, здравје и среќа и единство што е најмногу потребно. Заеднички да празнуваме и да ја градиме Македонија со просперитет и напредок секој ден . Паричката е традиција во семејството и се падна кај мајка ми, рече Спасовски.