Денеска напладне на прес конференција се очекува Синдикатот на контролори на летање да соопшти што се случуваше во изминатите денови на превирања во М-НАВ што кулминираа вчера, откако претседателот Александар Тасевски беше повикан во полиција.
Според објаснувањето на Тасевски за Телма, тој бил повикан во полиција да даде изјава откако бил пријавен од извршниот директор Фахрудин Хамиди за наводни закани кон него од страна на Тасевски.
Претседателот на Синдикатот тврди дека се работи за погрешен контекст на преписката преку електронска пошта.
На повикот во полиција на Тасевски реагираа повеќе јавни личности, кои сметаат дека ova e обид за заплашување на синдикатот, кој остана упорен и доследен во инсистирањето да се вработува според критериумите во оваа особено важна институција.
Овој Синдикат обвини дека раководството вработува несоодветни кадри, а пред Нова Година тројца раководители си поднесоа оставки поради изборот на кадри.