Деа е првото бебе што се роди во Клиничката болница во Штип. Бебето е родено во 17.55 минути и прво дете во семејството.
Податоците за наталитетот што ги соопштија во штипската болница, по ништо не се разликуваат од државниот просек. Опаѓа наталитетот, а во текот на сега веќе изминатата 2023 година се родени 60 бебиња помалку во однос на 2022 година.
Ако некогаш во Клиничката болница во Штип се раѓаа по 900-1000 бебиња од Штип и градовите во источниот регион, во 2023 година се родени 500 бебиња.
Државниот завод за статистика, во последно објавените податоци од 2022 година, објави дека во Македонија се родени вкупно 18.183 деца и во споредба со 2021 година, е намален за 3.1 %. Според возраста на мајката, најголемо учество од 33.2 % имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања изнесува 29.4 години, а кај прворотките 27.7 години. Во 2022 година се регистрирани 17 живородени деца од мајки на возраст помала од 15 години. Вонбрачни живородени деца се 2 298 или 12.7 % од вкупниот број на живородените деца.