На крајот на секоја тековна година се обидуваме совршено да ја завршиме за исто така совршено да влеземе во новата. Ако твојата замисла за совршена година е година полна со љубов и страст, тогаш дефинитивно ти требаат црвени гаќички за новогодишната ноќ.
Традицијата за носење на црвени гаќички за нова година се смета дека е започната уште во средниот век. Тогаш мажите имале обичај да носат црвени парчиња текстил за да ги заштити од моќите на вештерките. За вештерките се сметало дека најголема моќ имаат во зима, па најверојатно од таму потекнува конекцијата помеѓу црвените гаќички и зимниот период.
Со тек на време старата традиција се заменила со нова, па вештерките кои се плашеле од црвена боја, сега се храбрите жени кои смело носат црвена долна облека.
Современата традиција на носење на црвени гаќички живее во Италија. Италијанците силно веруваат дека црвената долна облека има силна моќ, особено ако ја облечете на новогодишната ноќ. Без разлика дали сте маж или жена, дали носите боксерки или танга, единственото нешто што е важно е да бидат во црвена боја.
Според италијанците, носењето на долна облека на новогодишната ноќ, гарантира среќа и успех во годината што следува. Токму поради тоа, веднаш по католичкиот Божиќ, италијанците ги преплавуваат продавниците за долна облека барајќи го својот среќен црвен пар.
Освен во Италија, верувањето за црвената долна облека го има и во други европски земји. Генерално, црвената долна облека на новогодишната ноќ се доживува како знак за среќа, љубов, но и многу страст и секс во годината што доаѓа.
Ако одлучите да си ја пробате среќата и да ја следите новогодишната традиција на носење црвена долна облека, тогаш морате да знаете дека според верувањата, за гаќичките навистина да Ви донесат среќа мора да бидат нови и облечени за прв пат. Ах, и да, никако не смеете сами да си ги купите, за да Ви донесат среќа мора да ги добиете на подарок (најверојатно од оној со кого ве очекуваат многу страствени ноќи во 2021та).
Извор: krstarica.com