Денес се случила тепачка во угостителски објект во скопската населба Радишани.
-Денеска (30.12.2023) во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на Радишани полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(40) од Скопје поради тоа што во угостителски објект физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР