„Гужва е на патиштата затоа што скопјани си одат дома“ – познатата шега најдобро го илустрира податокот што со Пописот 2021 година го утврди Државниот завод за статистика. Имено, 30-35 отсто од жителите не живеат на адресите од нивните лични документи. Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во гостувањето на утрешното издание на емисијата „Стадион“ на Канал 77, лоцира неколку причини.
-Дали станува збор за наша алчност, дали станува збор за тоа дека не стигнуваме да ги промениме нашите документи или е интерес- за повеќе ставови па да не плаќаме данок. Или пак во се работи за имотно правни интереси – ќе се водам на таа адреса бидејќи очекувам наследство. Што и да е во прашање, но додека не се реални овие пописи, не можеме да направиме вистински попис, оценува Симовски.
Во „Стадион“ Симовски зборува и за тоа како се случува да има речиси 300.000 празни станува, а цените и натаму да растат, за економските текови и растот на инфлацијата, цените и платите, иселувањето и трендот што континуирано ќе продолжи.
Последното овогодишно издание на „Стадион“ е утре, сабота, во 10 часот на Канал 77.