Обвинителката Лидија Раичевиќ, со образложение дека нема организациски способности, заврши со отфрлена кандидатура за местото Државен јавен обвинител. Кандидатурата на Фатиме Фетаи не беше ни разгледувана поради некомплетна документација. Фетаи не доставила два од задолжителните документи – уверение за познавање на македонскиот јазик и за деловна способност. Со тоа, Советот на јавни обвинители одлучи да ја прифати кандидатурата на Љупчо Коцевски од Републичкото јавно обвинителство. На распишаниот оглас се пријавија само овие тројца кандидати.
За Љупчо Коцевски се знае дека работел како адвокат, по што без ден работа како основен обвинител е избран во Вишото јавно обвинителство во Гостивар, по што напредуваше во Републичкото јавно обвинителство.
Предлогот Коцевски да го замени Љубомир Јовески, кому шестгодишниот мандат му заврши пред два дена, ќе биде доставен до Владата. Се очекува Коцевски и овде да го помине изборот по што изборот завршува во Собранието.
Новинарот Саше Димовски оценува дека на изборот на нов државен обвинител се случува на само пет месеци пред избори, поради што најдобро е да се поништи конкурсот и да се чека изборот на нова влада.
-За тоа време, в.д. државна јаван обвинителка Соња Симовска ќе ја врши функцијата до изборот на нов обвинител, што ќе го спроведе новоизбраната влада. Најдобро е да се поништи огласот, смета Димовски.
Изборот на државен јавен обвинител се врши со просто мнозинство во Собранието.