„Оваа година имаме најголема регионална распределба на средствата од било која година претходно. 70 отсто од поддржаните компании како и исплатени средства се кон компани надвор од скопскиот регион“ рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на прес-конференција.
Тој додаде дека се работи на рамномерниот регионален развој и дека инклузивноста и дадената шанса е единствениот соодветен одговор, како и позитивната дискриминација додека не се поправи направената штета.
„Oдржливиот, рамномерен и инклузивен развој на државата е политичка заложба на оваа Влада. Секој граѓанин, независно од местото на живеење, заслужува можност, креирани услови и шанса за квалитетен живот во своето место на живеење. Ова ќе овозможи и постепена демографска ревитализација на регионите со полека „олеснување“ на со години централизираниот фокус на главниот град“ рече Битиќи.
Вицепремиерот исто така истакна дека во овие шест години, државната поддршка за компаниите е зголемена за 12,7 пати – од 3,1 милион евра на првата исплата во 2018 година, на 39,6 милиони евра оваа година.