Полицијата информира за неколку случаи на насилство викендов, од кои две се предизвикани од жители од Виница и нејзината околина, а еден случај бил пријавен во Штип.
На 23.12.2023 полициски службеници од полициската станица Виница го лишиле од слобода Ф.А.(27) од Виница. Имено, според пријавеното околу 04.00 часот во неговото возило против правно не и дозволил да излезе од возилото на 20 – годишна девојка, по што физички ја нападнал.
За случајот е запознаен јавен обвинител, Ф.А. е задржан во полициска станица. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.12.2023 во 08.20 часот во полициската станица Штип Г.К.(50) пријавил дека околу 03.30 часот во казино во Штип, бил физички нападнат од М.А. двајцата од Штип. По комплетирање на случајот против М.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 24.12.2023 полициски службеници од полициската станица Виница го привеле Б.Ѓ.(59) од с.Липец, виничко, затоа што агресивно се однесувал кон полициските службеници при вршење службени задачи. По комплетирање на случајот против Б.Ѓ. ќе биде поднесен.