На 23.12.2023 на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.
За време на контролата биле констатирани 35 прекршоци од кои 23 надвор од населено место и 12 во населено место.
На 23/24.12.2023 во времето од 22.00 до 03.00 на подрачјето на полициските станици за безбедност на патиштата Штип и Кочани спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. Притоа биле санкционирани 7 возачи.
„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од штипската полиција.
Од СВР Штип исто така информираат дека на 23.12.2023 во 19.30 во полициската станица Р.О.(47) од Штип пријавила дека во 16.30 часот на ул.„Косовска“, по кратка расправија настанала физичка пресметка помеѓу нејзиниот малолетен син и друг малолетник и неговиот брат Ф.М.
По расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.