Стево Пендаровски во 2018 година беше заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ, што е прв пат овие две партии да излезат со заедничка понуда. Затоа, по тој успех, нормално е и на овие избори да се излезе со заеднички кандидат – вели Бујар Османи во „Стадион“ на Канал 77. Тој одговара и на прашањето дали тоа би било заеднички кандидат – Албанец.
-Стои и таа опција, но сега е малку посензитивно, бидејќи за две недели по Претседателските избори има Парламентарни избори, па какво регрупирање ќе има во првиот круг ќе влијае многу и на вториот круг на Парламентарните избори, но засега сите три опции се отворени – ДУИ сам, ДУИ со албански Европски фронт и ДУИ со државен Европски фронт, изјави Османи.
На прашањето кој е наредиот лидер на ДУИ – Груби, Бектеши или Османи, тој вели дека нема таква дилема затоа што Ахмети е неприкосновен додека го служи здравјето и ќе биде уште долго на чело.
-Ахмети и најважен асетс и на партијата и на државата – тој е политичка академија што значи политичар, а политиката е мисија, политичарот служи на граѓаните и мислам дека нема никаква дилема за лидерска криза, вели Османи во „Стадион“.