Евроскептицизмот се покажа доминантен и во анкетата што изминатата недела беше поставена на сајтот на Македонскиот медиа сервис (ММС).
На прашањето: „Македонија нема да продолжи со ЕУ интеграциите додека не се донесат уставните измени. Дали сметате дека исправна е одлуката да не се менува Уставот?“, само 10 отсто одговориле со „не“ бидејќи е победа на евроскептиците. Дури 67 отсто сосема се согласуваат дека ЕУ интеграциите треба да прекинат, бидејќи преголеми се отстапките кои ги правиме.
Во анкетата на ММС 17 отсто сметаат дека не смее да се отстапи бидејќи со ова државата губи шанса за влез во ЕУ, а 6 отсто делумно се согласува, бидејќи е долг процесот на влез во ЕУ. На сајтот на ММС веќе е поставена новата анкета на која може да го кажете своето мислење. Неделава прашуваме: „По случајот со „кривата елка“ во Скопје, каков е вашиот став за новогодишното украсување по градовите?“
1. Градовите треба да блеснат во новогодишно руво и трошењето на пари за украси е оправдано
2. Треба да се украсува, ама нашите општини трошат премногу
3. Треба да се украсува, но за потрошените средства треба отчетност и транспарентност
4. Една елка е сосема доволна колку да се одбележи, не е време за расипништво.
Ги очекуваме вашите одговори.