Познатиот српскиот доктор Бранимир Несторовиќ еднаш зборуваше за најтешкиот момент во неговата кариера. Тој се осврна на едно мало девојче, кое починало во негова прегратка, по труење, кога целото семејство јадело печурки што не се јадат, а само таа во тој момент давала знаци на живот.
Д-р Бранимир Несторовиќ своевремено гостуваше во емисијата „Сценирање“ кога детално опиша какви се хорор сцените на работа како неговата, пишува Курир.
„Имаше многу тешки сцени. Една од најтешките за мене лично беше кога размислував да ја напуштам педијатријата, тоа се случи при крајот на мојот престој на дијализа. Потоа почина една девоченце од областа Тузла. Целото нејзино семејство беше отруено од печурки, а таа беше единствената преживеана и бубрезите ѝ беа оштетени“, започна Несторовиќ, а потоа продолжи:
„Се приврза за мене, бидејќи немаше кој да ја чува. Се шетавме секој ден, јадевме сладолед, цел ден бев со неа. Таа почина во моите раце, искрвари како што често се случува со луѓе на дијализа.Тогаш ми беше навистина тешко па се преселив на друго одделение.Додуша после една година слична приказна и се случи на една Маја, пред смртта ми рече „Бане, не ме давај“. “ рече тогаш д-р Несторовиќ.