Во Делчево почна пријавувањето за учество на Бадниковата поворка која ќе се одржи пред големиот христијански празник Божик. За таа цел, како што информираа од свештенството Успение на Пресвета Богородица, еднаш седмично ќе се одржуваат проби со големата група дечиња кои ќе учествуваат во традиционалната Бадникова поворка.
– Со голема радост ги известуваме дека годинава повторно ќе се организира Бадникова поворка за достојно да го пречекаме Празникот на Христовото раѓање – Божиќ. Имено, со Бадниковата поворка продолжуваме со една прекрасна древна традиција во која големи групи на дечиња се собираат за радосно да го најават Христовото раѓање и да пренесат топла празнична порака, пеејќи ја бадниковата песна „Вечниот Бог“, информираа од делчевското свештенство.
Според планираното како што додадоа оттаму ќе бидат одржани вкупно три проби, распоредени во период од 10 дена.
– Пробите ќе бидат на 24 декември 2023 година (недела) со почеток во 12 часот, потоа на 29 декември 2023 (петок) до почеток во 15:15 часот и последната проба ќе се одржи на 4 јануари 2024 година (четврток) во 15 часот, додадоа делчевските свештеници.
Пробите ќе се одржуваат во просториите при храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево.