Сара Мејс, Теа Богатинова, Калина Велковска, Полина Тасева и Ана Петановска, заедно со Камерниот орекстар на Битола вчера во Филхармонија направија вистинска божиќна приказна. Убав предновогодишен концерт песни посветени на Нова Година и Божик.
„Минатиот Божиќ“ (Last Christmas), „Дедо Мраз доаѓа во градот“ (Santa Claus Is Coming To Town), „Среќен Божиќ“ (Feliz Navidad) како и „Тивка ноќ“ (Silent Night), но и други светски хитови ги размрдаа сите преситни, особено „Елко, елко“, песна без која не поминуваат овие празници.
Петте пејачки се и другарки и нивното другарство се виде и на сцена. Ако предновогодишната атмосфера ја нема низ градот, вчера тие покажаа дека „празниците се ближат“ и сите треба да бидеме исполнети со љубов и расположение.
Цели два часа се пееше, а на крајот од нив пристигна и најважната порака за сите нас:
-Важно е да сме живи и здрави, да шириме љубов и да се грижиме за блиските“.