Почнувајќи од 10 декември па до вчера, Штип е со четири дена со загаден воздух, односно над граничните вредности на ПМ 10 честичките. Најзагадено било на 12 декември, кога просечната вредност за 24 часа изнесувала 85,3 µg/m³. Вчера мерната станица поставена на општинската зграда во центарот на градот забележала 81,7 µg/m³. Вредностите до 50 µg/m³ се сметаат за гранични со оценка добар квалитет. Од 51 до 100 – умерен квалитет, со препорака да внимаваат луѓето кои се необично чувствителни на загадување од честички.
Моменталните вредности 93,2 µg/m³ и се во опаѓање.
Маглата, отсуството на ветер и загревањето на домовите, но не помалку влијае и густиот сообраќај со возила се главните фактори.
Интересно е дека слична состојба со загадувањето имало и минатата година ова време. ММС на 4 јануари пишуваше дека мерната станица на лабораторијата АМБИКОМ на Универзитетот „Гоце Делчев“ , поставена на општинската зграда во центарот на Штип за 3 јануари 2023 година покажува просечни вредности на квалитетот на воздухот од 196,5 µg/m³ ПМ 10. Вакви високи вредности почнуваат да се регистрираат од 19 декември 2022 година, па се’ до почетокот на јануари, кога ветерот ги спаси штипјани.
Според податоците на мерната станица на АМБИКОМ, оваа година имало 25 денови со пречекорување на граничните вредности.
Во моментов, според мерењата на IQair, најзагаден град во Македонија е Струмица, со 182µg/m³ на ПМ 10 честички, по што следат Кавадарци со 141,3µg/m³, ПМ 10 и 112.9µg/m³ ПМ 2, Скопје Центар со 119µg/m³ ПМ 10 и Битола со 109.3µg/m³ ПМ 10. На мапата на Македонија дури 14 локации се во црвено, односно места со загаден воздух, каде се и градови како Берово, Прилеп и Велес.
В.К.