Премиерот Димитар Ковачевски на ТВ гостување денес ја изрази својата загриженост за сето она што во моментов и се случува на нашата земја на патот кон ЕУ, потсетувајќе дека истите оние кои пред 15 години ја однесоа земјата во антиквизација сега го креваат својот глас против ЕУ и НАТО.
- „Ние во 2008 година влеговме во процес на антиквизација, место во европеизација. Наместо да одиме 100 години напред, ние отидовме 2300 години назад. Тој процес не изолираше и раскара со сите соседи и не донесе ништо добро за државата, ни во економска смисла немаше напредок, а во демократска смисла имавме уназадување, европските извештаи укажуваа на заробена држава“ рече премиерот Димитар Ковачевски.
Според него неодамнешната порака од Брисел е најјасната до сега од 2005 година, а тоа е дека Северна Македонија успешно го заврши скринингот и дека штом ќе ја заврши обврската за уставните измени, без одлагање ќе биде свикана втората меѓувладина конференција за отворање на поглавјата.
- „Празен гол, пенал, кој заради опозицијата ние не го шутиравме. Нема дополнителни барања, сите хистерии дека ќе го изгубиме јазикот, ќе се бугаризираме, асимилирами ги нема“ рече Ковачевски.
Тој нагласи и дека тоа што го прави опозицијата е само замена на тези и бегање од реалноста.
- „На нас ни се повтори 2008 година од истите луѓе и политички парии кои тоа време беа против зачленувањето во НАТО и продолжување на евроинтеграциските процеси. Без аргумент и алтернатива велат само ние сме против“ рече Ковачевски.