Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека протоколите за проверки и безбедност на училиштата функционираат и веднаш се преземаат соодветни мерки доколку се појават дојави за наводно поставени експлозивни направи.
-Апелираме до родителите да не се вознемируваат, училиштата се безбедни. Потсетуваме дека раководствата на училиштата имаат обврска да ги следат и имплементираат мерките на Владата односно насоките од Министерството за образование во целост и на тој начин да ја засилат безбедноста на училиштата и гарантираат непречена настава на учениците.
Веднаш по добиените пријави направени се сите потребни проверки и во врска со денешните пријави од училишта во Кочани, по добиените пораки на електронските адреси во Кочани и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.