Пејачката Рита Ора, која е родена во Приштина, даде ново интервју во кое рече дека Косово порано било дел од Албанија, а сега е само „независно Косово“.
Пејачката со албанско потекло гостуваше во американскиот подкаст Dear Media, а делови од него се појавија на TikTok и прилично ги налутија граѓаните на Србија кои и порачаа наместо да шири лаги, прво да прочита нешто од историјата,
„Родена сум на Косово. Во Албанија,сега тоа е Косово, но беше дел од Албанија. Потоа се преселив во Лондон кога имав една година“, изјави Рита Ора во интервјуто.
Водителот на подкастот коментираше дека има многу Албанки во музичката индустрија, а Рита продолжи.
„Тоа е прекрасно, кога почнав во 2012 година, тоа не постоеше. Сега ги имаме Дуа Липа, Бебе Реџа и прекрасно е. Мислам дека е природно да не споредуваат, особено затоа што нема многу… но ние три сме многу различни“, рече таа меѓу другото.