Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски беше гостин во емисијата „Нешто конкретно“ на Снеже Велков.
Во емисијата Димитриевски разговараше на различни теми, но на крајот како подарок доби ваучар за преглед на тестиси. Заблагодарувајќи се Димитриевски рече:
-Ова ме потсети на еден мој статус. Ако некогаш решам да бидам донатор на органи, моите тестиси ќе ги донирам на одредени мои колеги, рече тој.
Погледнете го неговото гостување, каде гости беа и тенорот Благој Нацоски, Докторката Татјана Гуржанова како и актерот и музичар Давид Мука.