Насмевките и задоволството на над еден милион посетители ја испишаа првата година од отворањето на „Штип сити мол“. Единствениот мол во источниот дел на државата го прослави првиот роденден нудејќи забава за сите генерации.
Најмалите играа и пееја забавувајќи се со Стела и Сани, возрасните уживаа во комичното шоу на Дарко Ѓурчиновски, а беше организирана и креативна работилница на тема „Среќен роденден, „Штип сити мол“!“.
Следниот ден во Штип сити мол одѕвонуваа хитовите од „Весело штурче“, додека во меѓувреме на изненадување на најмалите беа организирани низа активности, меѓу кои магионичарско шоу, жонглерско шоу и така натаму.
Менаџерот на Штип сити мол, Давор Кузманов вели дека се задоволни од одзивот на посетители, имајќи предвид дека очекувале околу 500.000, а веќе се бележат над еден милион.