Народниот правобранител Насер Зибери денеска го претстави Посебниот извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност во јавниот сектор и Посебниот извештај од анализата на податоците за полова и образовна застапеност за 2022 година.
-Констатација на Народниот правобранител е дека скоро сите помалубројни заедници се застапени со скоро идентичен процент на вработени како и изминатите години, што значи дека институциите не ги почитуваат во целост препораките на Народниот правобранител, а со тоа и не ги спроведуваат одобрените годишни планови за вработување во кои е изразена етничката застапеност и спроведување на уставното начело на соодветна и правична застапеност, рече Зибери.
За потребите на ова истражување, како што посочи Зибери, биле доставени барања до вкупно 1325 институции и органи, по кои за прв пат оваа година, добиени се одговори од сите нив во електронска форма