Определен е притвор од 30 дена за четворицата кои се теретат за грабнување и убиство на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, меѓу кои и за таткото на 14-годишната Вања.
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, се вели во информацијата од судот, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за определување мерки притвор против 4 лица кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, а поврзани со грабнувањето и убиството на малолетната В.Ѓ. од Скопје и убиството на велешанецот П.Ж., ценејќи ги приложените факти и исказите на обвинетите во однос на предлогот за притвор донесе решенија со кои го прифати предлогот на Јавниот обвинител.
– Па така на В.М., В.К., Б.В., и А.Ѓ. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење на основите од чл. 165. ст.1, точки 1,2 и 3 од ЗКП. односно опасност од бегство, попрачеување на истрагата со влијание на сведоци и повтроување или сторување ново кривично дело.
Воедно судија на претходна постапка го прифати и предлогот за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа за С.Д. кој е осомничен за кривичното дело Помагање на сторител во извршено ккивично дело од чл. 365 ст. 3 вв ст.1 од КЗ, а заради постење на основите од точка 1 и 3 од став 1 на чл. 165 од ЗКП – соопштуваат од Основен кривичен суд Скопје.