Шпаркасе Банка со нова празнична кампања „Префрли плата и добиј празничен бонус од 3.000 денари“ која започна од 01.12.2023 г. и ќе трае до 31.01.2024 г. Рокот за трансфер на прва плата на сметка во Шпаркасе Банка е заклучно со 31.01.2024 година.
Квалификувани за учество во кампањата се сите физички лица, клиенти на Банката, нови или постоечки, кои се корисници на пакет, примиле 2 последователни плати во Банката во промотивниот период, а претходните 3 месеци немаат примено плата преку Банката.
Бонусот од 3.000 денари се исплаќа на платежна сметка на новите приматели на плата, по трансферот на втората последователна плата најдоцна до 29.02.2024 г.
За сите дополнителни информации во врска со условите за кампањата, заинтересираните можат да се обратат во експозитурите на Шпаркасе Банка или да се јават во контакт центарот на 02 15 050.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)