Прашан во каков меѓусебен однос биле осомничените за убиството на Вања, Бубевски рече дека сега истрагата се насочува во тој правец.
„Сега истрагата се насочува во тој правец, сите овие аспекти кои претходно постоеле ако постоеле. Мајката продала стан и средствата од тој стан биле цел на материјална принуда, но сите овие работи ќе ги провериме во текот на постапката. Девојчето е грабното во влезот внатре во зградата. Оние што се притворени и оној по кој се трага, се група за која ги утврдуваме врските за да видиме дали може да ги наречеме организирана група. Ние ги водиме како соизвршители на двете кривични дела. Ако се докаже дека се група, ќе имаме соодветна правна квалификација. Засега таткото учествувал во одредени насоки кога девојчето ќе излезе само за да се изврши тоа кривично дело на грабнување. Немаме сознанија дека подоцна учествувал во најтешкото дело“, додаде Бубевски.