Основното јавно обвинителство и МВР освен соопштението не даваат никакви други детали за убиството на малата Вања.
Оттаму и неофицијалните информации низ медиумите дека осомничен за убиството на Вања е познатиот скопски бизнисмен Љупчо Палевски-Палчо, кој е во бекство, но и дека таткото на Вања е во полициска станица.
Засега официјално од ОЈО потврдија дека таткото на Вања е приведен во полициска станица, не е во притвор и е еден од петте осомничени.
За Палевски некои шпекулации велат дека е избеган во Турција, други дека е фатен во Белград, а трети дека е уапсен во Хрватска, но за се ова нема никаква официјална потврда ниту од МВР, ниту, пак, од ОЈО, кои најавија заедничка прес конференција за утре во 9.30 часот.
Официјално од ОЈО и МВР за убиството на Вања, чие тело беше пронајдено вечерва во околината на скопското село Орман, како и за убиството на Панче Жежовски (74) од Велес се осомничени пет лица, од кои тројца се во притвор, еден е во бегство во странство, а еден е во полициска станица.
Седум дена се трагаше по Вања, која, како што информираат од ОЈО и МВР, киднапирана е пред својот дом и со „цитроен“ е однесена во непознат правец. Причината за тоа е користоњубие.
Останатите непотврдени информации за тоа како е убиена Вања, зошто, каква е поврзаноста со убиството со Жежовски и многу други информации и детели како што најавија од ОЈО и МВР ќе се знае утре.