Во текот на целиот ден се преземаат дејствија за обезбедување докази – соопшти денеска Јавното обвинителство кое се огласи по вчерашната информација дека се приведени пет лица во врска со исчезнувањето на малолетната Вања од Скопје.
За тројца од петтемина приведени во текот на вчерашниот ден, јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување 48-часовен притвор со цел да биде обезбедено нивното присуство до целосно расчистување на настанот.
Јавното обвинителство и МВР ќе ја информираат јавноста веднаш штом се создадат услови кои нема да ја нарушат постапката. Сите шпекулации кои имаат за цел да ја компромитираат истрагата во овој момент ќе бидат најостро санкционирани.