Во рамки на неговата турнеја „Во името на љубовта“, на 13-ти април 2024 година во „Арена Борис Трајковски“, концерт ќе одржи Жељко Самарџиќ заедно со „Пријателите“.
Кога Самарџиќ ќе настапи на сцена и ќе отпее некоја љубовна песна од неговата колекција безвременски хитови, едноставно никој не може да остане имун. Концертот на 13-ти април, нема да биде како ниту еден друг досега, а публиката може да очекува вистински спектакл со времетраење од 2 часа или пак нешто повеќе, Жељко Самарџиќ и „Пријателите“ + многу специјални гости. Едноставноста, спонтаноста и ставот на џентлмен се најверојатно особините поради кои го стекнал вниманието и почитта кај жените, а љубовните рефрени само го потврдуваат истото. Во нив ќе уживаат и девојките, но и повозрасните дами. И оние коишто ќе бидат таму за да танцуваат, но и оние другите, коишто ќе сакаат само да гледаат и пеат.
Помеѓу големите концерти, важните успеси, болните сеќавања, носталгијата, се провлекува една животна приказна преполна со искушенија и музика, преполна со емоции. „Подгответе се за одлична забава, но и заедно да ја прославиме љубовта!“ – вели Самарџиќ. Се чини сосема доволно за да предвреме го етикетираме како спектакл кој нема реприза. Влезниците за концертот се веќе пуштени во продажба