Родителите на децата убиени во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај, денеска се собраа пред училиштето за да го изразат своето незадоволство од начинот на кој државата се однесува кон тоа злосторство, а истовремено потсетија дека не смее да се заборави.
Родителите изразија незадоволство поради тоа што има голем отпор училиштето да се претвори во меморијален центар, јави Бета.
Нинела Божовиќ, мајка на жртва, рече дека тоа повеќе не е училиште, туку место на злосторство и дека мора итно да се претвори во меморијален центар.
-Не ми е јасно како некој очекува децата нормално да минуваат низ овие врати, како ништо да не се случило, како нашите деца минатиот пат да не влегле на овие врати од една страна, а излегле на другата страна, рече Божовиќ.
Откако запалија свеќи пред училиштето, родителите се упатија кон Владата на Србија, јави Бета.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
![Loading ... Loading ...](https://mms.mk/wp-content/plugins/wp-polls/images/loading.gif)