Министерот за правда Кренар Лога денес одговори на обвинувањата на Судскиот совет дека тој изнесува информации од доверлив карактер.
-Судскиот совет наместо да делува законски и да презема дејствија против незаконските постапувања на одредени судии и претседатели на судови, цело време неодговорно се бранат со јавна покана за учество на министерот на седници каде не може да присуствува заради препораките на ГРЕКО и законот. Сите овие месеци откако ја презедов одговорноста да бидам носител на функцијата министер за правда, од нив имам побарано само да го почитуваат законот и ништо друго.Во јавноста се силат дека се конструктивни, а во позадина чуваат предмети за да застарат. Не може одговорен орган да има двојни аршини, за некој морков а за друг стап за доделување моќ, вели Лога и додава:
-Одредени членови на Судски совет се свесни дека е време да си заминат дома, а исто така е дојдено време и да одговораат за сите преземени дејствија во минатото што ќе биде санкционирано со новите измени на законот. Одговорност мора да има и ќе има. Законот над сè и пред сè. Имаат храброст да му се спротистават на министерот, а немаат грам храброст кога истите ставови се кажуваат и од меѓународните претставници. Почитувани, одредени членови на Судски совет: Лицемерие не е вредност, се вели во соопштението на Лога.