Утрово во 7.20 мојата ќерка Вања Ѓорчевска излезе за на училиште и ѝ се губи секаква трага, напиша на својот Фејсбук профил нејзината мајка, Зорица.
-Облечена е во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во Дебар Маало на пат кон „Песталоци“. Доколку имате било каква информација јавете се на 075 400 816, напиша загриѓената мјајка.
ММС се јави на телефонскиот број и Зорица Ѓорчевска ни ја потврди информацијата и исплашено ни објасни:
-Се сомневам дека е киднапирана, Вања насмеана излезе од дома, ѝ дадов пари за појадок и излезе за на училиште. Мене класната ми пиша дека не е дојдена на час, со неа сме во комуникација постојано, јас ѝ пишувам ако Вања е болна и не може да дојде научилиште. Вања има 14 години и е деветто оделение. Вања не излегува многу, има неколку другарки и најчесто е дома. Ги проверивме сите нејзини профили на социјалните мрежи, ги имам сите нејзини лозинки и нема ништо сомнително. Вања не е такво девојче и нема многу постови. Навистина се сомневам дека е киднапирана, дај Боже да сум грешка. Да знам дека избегала и дека имам проблеми со неа сигурно дека немаше да кренам толку голема паника. Се проверуваат и камери, сѐ се случило од дома на пат за школо, тука некаде во близина на „Партизанска“ покажува дека скршнала од вообичаениот пат за на училиште, а сигналот на мобилниот ѝ го снемува во близина на „Рузвелтова“, кај фитнесот, вели исплашената мајка, која ни потврди дека ги алармирала и надлежните во МВР.
ММС се обрати и до МВР од каде ни рекоа:
-На 27.11.2023 во 08.35 часот З.Ѓ. од Скопје пријавила дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната. Полициски службеници преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, се вели во информацијата од МВР.