Вања Ѓорчевска од Скопје, 14-годишна ученичка во деветто одделение, е исчезната утринава.
За случајот, информираше мајката на девојчето на социјалните мрежи која побара помош.
„Утрово во 7.20 мојата ќерка Вања Ѓорчевска излезе за на училиште и и’ се изгуби секаква трага. Облечена е во црни панталони со странични џебови, светло плав џемперер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во Дебар Маало, на пат кон Песталоци. Ако имате било каква информација јавете се на 075 400 816“, напиша мајката.
Девојчето било облечено во црни пантолони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели Најк патики со кафеава лента.