Независниот кандидат за американски претседател Роберт Кенеди Помладиот денеска изјави дека ќе ги продолжи напорите на неговиот вујко, поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди и дека ќе стави крај на воената експанзија на Соединетите Држави низ светот доколку биде избран во 2024 година.
-Џон Кенеди беше посветен на мирот. Ако американскиот народ ме избере за свој претседател, ќе го продолжам процесот што го започна мојот вујко пред 60 години – ставајќи крај на американската воена империја. Ќе ја вратам војската во нејзината соодветна функција – да ја брани татковината, изјави Кенеди.
На годишнината од атентатот на неговиот вујко, тој рече дека е можно да се врати визијата на Џон Кенеди за САД како земја која служи како пример за мир и слобода.