Оценска комисија на Европската асоцијација на градови на спортот (АCES Europe) е во инспекциска мисија во Штип, по приемот на апликација за Европкски град на спортот за 2024 година. Штип аплицирал во категоријата градови меѓу 20.000 и 500.000 жители. Двајца Бугари и еден Чех ја сочинуваат оценксата мисија, која во наредните два дена ќе ја поминат спортската инфраструктура во градот, ќе разговарат со луѓе од спортот и врз основа на 12 критериуми, ќе дадат своја оценка за подготвеноста на Штип да ја добие оваа титула.
Делегатот Анатолиј Илиев рече дека веќе еднаш биле во посета на Штип, а нивниот впечаток е дека се работи за град кој вложува во спортот, кој се развива.
-Спортските капацитети се големи, има добри постигнувања на клупско ниво и добра инфраструктира. Она што е предност е презентацијата која ја видовме од одмаќините дека Штип има големи постигнувања што е дел од нашата номинација. Инфраструктура, зошто таа е важна во развојот на спортот, е за да може наредната година се’ повеќе и повеќе граѓани да бидат опфатени со спортот. Јас не можам да кажам дали Штип е подобар или полош, ама можам да клажам дека има голем потенцијал за што луѓето кои се жители имаат потреба да го практикуваат спортот на сите нивоа, рече Илиев.
Како што оцени делегатот, добро е што има вклучување на спортските активности на секаква категорија луѓе – од деца до пензионери.
Одлуката за тоа кои градови ќе ја понесат тутулата Европски град на спортот ќе се знае следниот месец, кога на свеченост во Брисел ќе се прогласат најдобрите.
За делегатот Дамјан Диков, дополнителна вредност за Штип е што е универзитетски град, бидејќи во критиериумите се оценува и можноста спрортот и спортската инфраструктура да биде достапна за сите категории на граѓани, не само за професионалните спортисти.
– Важни се сите критериуми оти ја опфаќаат целата специфичност на спортот, професионалниот спорт, превенцијата и интегрецијата, спорт за млади, за возрасни за сите области во општеството. Не е само инфраструктурата за нас важни се сите критериуми, изјави Диков.
Придобивки
Градовите што ќе ја понесат титулата Европски град на спортот имаат обврска да работат на популаризација и унапредување на спортот и да организираат спортски настани, манифестации и натпревари. За овие активности може да побараат поддршка од Европската комисија.
Оваа 2023 година 16 европски градови ја носат титулата Европски град на спортот, а дури четири се од Италија, а има и градови од Бугарија, Шпанија, Словачка, Туција. Главниот град на соседна Албанија, Тирана е исто во оваа група Европски градови на спортот.
Како што наведува Европската асоцијација, градовите кои се избрани, им оставаат во аманет подобра спортска иднина на своите граѓани. Како пример го наведуваат Антверпен, Евроспки град на спортот во 2013 година, каде активните луѓе се зголемиле за 10%.
Потоа, враќање на инвестицијата, а како пример се споменува Андалузија,која стана Европски регион за спорт 2021. Регионот имаше поврат на инвестицијата од 156 милиони евра.
Меѓу другите придобивки се споменува активното вмрежување, размена на најдобри практики со други градови и учество на неколку конгреси со мрежа од повеќе од 3.000 градови ширум светот. Можност за добивање евопски грантови, при што секоја година ACES Europe вклучува градови во различни проекти и повици на ЕУ.
Доколку Штип ги исполни критериумите, ќе стане втор град од Македонија по Куманово, Европски град на спортот.
Куманово во 2019 година ја понесе оваа титула, која ја следеше негодување од опозициските советници дека градот платил 10.000 евра за апликацијата – дел општински пари, дел од донатори.
В.К.