Годишниот извештај од Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија со позитивни отценки го окарактеризира патот по кој се движи македонското земјоделство и руралниот развој. Во рамки на истиот нотиран е напредок во сите области на земјоделството и руралниот развој, безбедноста на храната, фитосанитарната и ветеринарна политика и рибарството.
Како што стои во извештајот, Европската комисија позитивно ги отценува и подготовките на Акцискиот план 2021-2027 за Националната стратегија за земјоделство и рурален развој, вклучувајќи ги и мерките за финансиска поддршка од Националната програма за развој на земјоделството 2023-2027.
Донесениот закон за зоотехника во текот на известувачкиот период, новиот закон за советодавни услуги кој е во собраниска процедура, подготвените закони за земјоделство и уредување на пазарите, за органско производство и новиот закон за рибарство кој е во владина процедура како проевропски ориентирани закони исто така добија висока позитивна критика во најновиот извештај на Комисијата.
Во извештајот од ЕК јасно се констатира и добриот напредок во периодот во руралниот развој и искористеноста на средствата од ИПАРД 2 програмата, новата програма за школски шеми во училиштата и градинките, напредок во контрола на болеста кај животните, развиениот нов фитофармациски информативен систем, новото ортофото снимање.
Претставниците од Европската комисија, во извештајот и во областа на земјоделството и руралниот развој побараа што поскоро усвојување на блокираните закони во парламентот.
Сето ова е доказ за посветената работа и труд што ги вложуваме како министерство, но и мотив да продолжиме со уште позасилено темпо, сигурно кон европското семејство, соопштуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.