Филмскиот фестивал Sugar loaf, кој се одржува во Њујорк, САД го награди документарецот „Сонцето не грее на сите страни“, посветен на Ване Црнгаров, единствениот македонски Елвис Присли.
Филмот е прогласен за најдобар странски краток документацерец.
Документарецот е приказна за Ване Црнгаров, македонскиот Елвис Присли кој живее и работи во Австралија. Ване Цргаров потекнува од село Куклиш, Струмичко, а моментално живее и работи во Мелбурн. Неговиот живот и музичко патување започнато во родниот Куклиш со првата хармоника во детството. Сиромашниот и селскиот живот го принудил да свири и да заработува. Подоцна заминува за Австралија, каде ја запознал својата сегашна сопруга Елизабет Лиз и станале родители на две ќерки.
Неговата сличност со Елвис Присли ќе го однесе на фестивал во Лас Вегас, Америка. Во Австралија работи како возач на автобус и на тој начин анимира деца и возрасни облечен во стилот на Елвис Присли, а има и музички бенд со кој настапува во ресторани и клубови.
Преку фотографии, песни и нарација, Ване зборува за носталгијата за својата земја и за животот во Австралија и за тоа дека се разбира, сонцето не сјае на сите страни во исто време. Во Австралија има пари, но домот е секогаш таму каде што се враќаме. Оттука и насловот е дека сонцето не може да свети на сите страни во исто време. Во Австралија има материјална сигурност во животот, но сепак е во туѓа земја, надвор од родната земја.
Продуцент на документарецот е Дејан Милошевски, а директор Глигор Кондовски.