Милош Биковиќ се се сврши со својата избраничка Ивана Малиќ, а неодамна во медиумите беше објавено дека двајцата чекаат бебе.
Милош Биковиќ за својата девојка избрал прстен со скапоцен камен, а очигледно таа повеќе не го крие и го носи секој ден.
-Да тоа е точно. Се веривме летово – изјавил за „Блиц“ Милош Биковиќ.
Популарниот актер и црногорска адвокатка, кои се во врска нешто повеќе од две години, со нетрпение го очекуваат своето прво дете, а убавата Ивана ќе роди момче.
Милош, штом се дозна за бременоста, на својот Инстаграм ја потврди радосната вест.
-Среќни сме што наскоро ќе станеме родители. Ова е важен, веројатно најважниот момент во нашите животи. Засега не сакавме да го откриеме, но папараците не доведоа во ситуација да немаме избор. Ви благодариме на сите за убавите зборови и честитки, а ги молиме медиумите и новинарите да ја почитуваат нашата одлука и интегритетот на нашиот приватен живот. Кога ќе сакаме да разговараме на оваа тема, секако ќе ве контактираме – изјави тогаш Биковиќ.
Ивана по потекло е од Црна Гора, а по професија е правник и има околу 26 години.
Својата избраничка Милош Биковиќ за прв пат ја претстави пред јавноста на премиерата на филмот „Јужен ветер 2 – забрзување“ во 2021 година.