На Меѓународниот Аеродром Скопје, свечено беше отворен целосно обновениот Primeclass бизнис-салон, управуван од ТАВ Оперативни услуги, дел од ТАВ Аеродроми.
Фокусирајќи се на создавање софистициран и пријатен амбиент до најмалите детали, Primeclass бизнис-салонот сега може да се пофали со надградено мени, шведска маса и бар, кои го задоволуваат широкиот спектар на потребите на патниците, вклучувајќи вегански и вегетаријански опции.
Главниот извршен директор на ТАВ Оперативни услуги, Ѓучлу Баткин и генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, ја пресекоа лентата на денешната свеченост и официјално го означија отворањето на комплетно реновираниот Primeclass бизнис-салон.
„Реновирањето на бизнис-салонот е доказ на заложбата на ТАВ Оперативни услуги за подигање на квалитетот на услугите. Со примамливо мени за различни вкусови и бар дизајниран да направи патниците да се чувствуваат како дома, ние имаме за цел да го подобриме искуството при патувањето.“ – изјави Ѓучлу Баткин, главен извршен директор на ТАВ Оперативни услуги
Тој, исто така, ја изрази посветеноста на компанијата за обезбедување удобност и луксуз на патниците и го истакна значењето на Скопје како посебна дестинација, како и зголемената популарност што ја стекна во последните години, што резултира со постојан пораст на бројот на патници.
-ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, обезбедува севкупни интегрирани услуги во сите области на аеродромските операции, вклучувајќи ги и угостителските услугите, со најдобар можен квалитет. Како ТАВ Аеродроми, нашата визија е да обезбедиме амбиент од светска класа за патниците и гостите кои патуваат преку нашите аеродроми, а ТАВ Оперативни услуги како наша сестринска компанија управува со ВИП и бизнис-салоните и услугите. ТАВ Оперативни услуги е една од најбрзо растечките компании во рамки на холдингот ТАВ Аеродроми и стана водечки бренд во секторот. Затоа, сигурен сум дека ќе го видите нивното име при вашите патувања преку многу други аеродроми низ светот“ – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
Со фокус на гостопримството и обезбедувањето беспрекорно искуство на патниците, ТАВ Оперативни услуги најавува и планови за воведување на услугата Fast-Track, или брза лента, со што ќе ја подобри удобноста на патниците и ќе понуди врвно аеродромско патничко искуство.
Сместен во зоната за “Заминувања” близу Излезите на скопскиот аеродром, по безбедносната и пасошката контрола, меѓу излезите (гејтовите) 203 и 204, новиот Primeclass бизнис-салон на скопскиот аеродром е подготвен за услуга 24/7, нудејќи им рај на удобност и луксуз на патниците кои патуваат преку Меѓународниот Аеродром Скопје.