Галеб во Задар додека копал во контејнер извадил играчка за возрасни поточно вибратор и си играл со неа, а глетката ја снимиле случајни минувачи.
Клипот заврши на социјалните мрежи и стана вирален на ТикТок.
-Првите неколку секунди ништо не ми беше јасно, гледам галеб покрај контејнерот и си мислам кој е заинтересиран за тој мршојадец што шири ѓубре на улица. Меѓутоа, кога камерманот ќе зумира на предметот, шоуто започнува. Галеб влече секс играчка по улица – пишува Задарски лист.
@marinovanjak ♬ Ja Sam Galeb Lutalica – Milo Hrnić
Така задарскиот галеб стана ѕвезда на социјалните мрежи, иако дел од корисниците на ТикТок останаа збунети како точно птицата успеала да ја извлече оваа играчка и изразија сомнеж дека некој можеби му го „потфрлил“.