Неименуван педесетгодишен маж со литванско потекло смислил, некои би рекле, оригинален трик за да избегне да плати обилни ручеци во скапи ресторани. А дека успеал покажува и фактот дека е фатен дури после дваесеттиот пат, пренесува Србија данас.
Имено, тој уживал во храната и пиењето, но кога требало да замине, пред вработените во ресторанот глумел срцев удар за да избегне да ја плати сметката. Ова било направено на различни локации во туристичката област на градот Аликанте во Шпанија. Сè до една вечер кога неговиот чин, по вечерата со обилна морска храна, не бил откриен.
Еден од менаџерите на ресторанот рекол:
-Беше многу театрално, се преправаше дека се онесвестил и падна на подот – рече тој и додаде дека ги предупредиле другите ресторани фотографирајќи го човекот.
„Ја испративме неговата фотографија до сите ресторани за да го спречиме повторно да ја изврши измамата.
Дваесеттиот пат кога бил фатен и откриен, направил сметка од 34 долари, но кога одбил да плати, полицијата реагирала.
Откако мажот одбил да ја плати неподмирена сметка, бил осуден на 42 дена затвор. Сопствениците на ресторанот, во кој 50-годишникот се преправал дека има срцев удар, планираат против него да поднесат колективна тужба, за која може да добие затворска казна до две години. Полицаецот кој го фатил четири пати рекол дека тој обично го носел мажот во притвор насмеан.
Во меѓувреме, човекот го добил прекарот „гастројета“, а шпанските медиуми објавија и дека сакал да остави впечаток на богат руски турист подготвен да потроши колку што му треба за сочни оброци и скапи пијалоци.