Независниот синдикат на полицијата со утрешниот протест во Штип започнува со серија на протести кои ќе бидат организирани во различни градови. Организаторите како причина за протестите ја наведуваат како што истакнуваат „крајно сериозната и загрижувачка состојба со нападите врз полициските службеници, кои станаа секојдневие.
-Полициските службеници секојдневно се напаѓани, малтретирани и повредувани, а кога се обидуваат да се заштитат против нив се покренуваат обвиненија за малтретирање во вршење на службата. Бараме итна промена на Законот за полиција и Кривичниот законик и пропишување на минимална казна затвор од 5 години за напад на полициски службеник. Ги повикуваме сите останати политички партии и чинители да ги поддржат нашите протести по примерот и поддршката на протестите на маргинализираните групи“, повикуваат од НСП.
Како што нагласува синдикатот во реакцијата во Штип има четири суспендирани полициски службеници. Како што претходно МВР информираше, суспензијата е поради прекумерна употреба на сила врз приведен граѓанин.
НСП бара поголема заштита на полициските службеници.