„Спонзорирана објава“
01.11.2023, Скопје – Прилепска Пиварница, преку кампањата „На здравје, за машкото здравје“ на својот бренд Златен Даб, повторно се приклучува кон глобалното движење „Мовембер“, чија цел е да ја подигне свесноста за редовна и навремена грижа за машкото здравје.
Во духот на „Мовембер“, Прилепска Пиварница и годинава спроведува уникатна кампања што се комуницира директно на консументите на пивото Златен Даб преку стаклената амбалажа 0,33л и 0,5л и на креативен начин ги поттикнува мажите да се приклучат кон оваа кауза, да пуштат мустаќи како симболика за подигнување на свесноста и да се едуцираат за начините на самопрегледување и рана детекција на болести кај машката популација. Прилепска Пиварница преку продажбата на брендот Златен Даб во текот на ноември ќе одвојува паричен износ што ќе биде наменет како донација. Средствата од донацијата ќе бидат наменети за набавка на медицинска опрема во согласност со потребите на Клиниката за урологија во Битола.
„Машкото здравје останува да биде еден од главните фокуси во нашата стратегија за општествена одговорност преку брендот Златен Даб и како и насекаде во светот, така и кај нас, месецот ноември ќе биде одбележан во знакот на мажите и грижата за нивното здравје. Веруваме дека преку нашите проекти влијаеме позитивно врз заедницата и придонесуваме за поголема свесност за водење грижа за машкото здравје. Мустаќите, како обележје на движењето, можете да ги видите на етикетите на стаклената амбалажа на Златен Даб 0,33л и 0,5л, како и на специјално изработена веб-страница на која развивме и едукативен дел за самопрегледување“ – изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
Прилепска Пиварница како дел од ова глобално движење поставува позитивен пример за активизам и солидарност, ја подигнува свесноста за машко здравје и апелира за редовна посета на лекар поради превенција од болести.
Ги повикуваме сите пивски ентузијасти и поддржувачи на движењето „Мовембер“ да се приклучат кон акцијата и да наздрават за машко здравје!
За повеќе информации посетете ја страницата www.zlatendab.mk/movember/
На здравје!