Емилијано Мартинез е прогласен за најдобар голман за минатата сезона, а при доделувањето на наградата и неговиот говор настана мала непријатност во салата во Париз. Присутни во публиката го исвиркаа, во моментот кога на големиот екран почна да се прикажува неговата одбрана во финалето на Светското првенство.
Аргентинецот беше еден од најзаслужните што неговата репрезентација ја освои титулата светски шампион во Катар. Во финалето им одбрани неколку гола на Французите, но и два пенали во пенал рулетот.
Многу љубители на фудбалот негодуваа за неговите контроверзни потези и прекумерното славје по конечната победа на Светското првенство.
Мартинез доби свирежи кои се повторуваа за време на неговиот говор, а тие престанаа дури кога водителот и поранешен фудбалер Дидие Дрогба го побара тоа и рече дека спортистот мора да се почитува.