Интернетот покрај сите позитивни нешта што ги внесе во животот на младите го внесе и дигиталното насилство кое остава вистински рани, главно психолошки. Истражувањата на УНИЦЕФ покажуваат дека дури 70% од младите биле изложени на некој облик на дигитално насилство и дека најголем број жртви се на возраст од 10-21 година.