Виктор Живојиновиќ, помладиот син на популарната фолк пејачка Лепа Брена, веќе подолго време ја интригира јавноста со својот љубовен живот.
По раскинувањето на долгогодишната врска, Виктор среќата ја нашол покрај атрактивната колешка на неговата мајка, пејачката Лена Чолак, дознава „Стар“.
-Виктор и Лена се познаваат подолго време, бидејќи била ангажирана да пее на приватните прослави на семејството Живојиновиќ. Дури и тогаш му го привлекла погледот на Виктор, но меѓу нив никогаш ништо не се случило. На Виктор му се допаѓа колку е амбициозна и спонтана Лена, особено е задоволен што таа не ја гради својата кариера на скандали. Не се надевал дека таа ќе се појави на настанот на кој биле, па кога го видел тоа многу се израдувал – открил извор за „Стар“.
Оваа поранешна ѕвезда на Гранд, која стана препознатлива по својата необична фризура со две бои за коса, неодамна реши да го промени својот изглед и да привлече уште поголемо внимание, пренесува курир.рс.