Вчера ден помеѓу селата Пласница и Ораоец, општина Македонски Брод, мечка нападнала возрасен човек кој бил спасен од ловци кои случајно биле на лов во близина на местото на нападот и откако слушнале повици за помош испукале неколку истрели во воздух после што мечката побегнала а нападнатото лице било кое било силно преплашено се здобило со телесни повреди.
-Собирав дренки, седев и одеднаш, кај се најде, був во мене, ме легна таа долу и јас само со рацете се пазев. Се исплашив, паднав долу и таа со заби ме фати за ребра, ме шиеја во Кичево.
Голема беше, над 500 килограми, вели Рамчески во разговор со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.