Директорот на Институтот за истражување на леукемија, Јосип Карерас и професор по генетика на Универзитетот во Барселона овие денови престојува кај Марија Брањас – жена која има 116 години, со цел да ја открие тајната за нејзината долговечност и така да развие лек.
„Таа е неверојатна“, изјавил овој професор кој зел примерок од ДНК-то на Марија, вклучувајќи плунка, урина и крв.
„Импресивно е колку јасно таа се сеќава на својот живот во периодот кога имала само четири години. Дури нема ни никакви знаци за кардиоваскуларни болести, кои пак, се вообичаени кај постарите луѓе. Единствениот проблем е тоа што слабо се движи и има проблеми со слухот“, изјавил докторот за шпанските медиуми
Марија е родена во Сан Франциско во 1907 година, но како дете се преселила во Шпанија. Живеела во различни области од Каталонија и мајка е на три деца. Таа тврди дека консумира јогурт секојдневно, а смета дека е долговечна бидејќи никогаш не се прејадувала.
„Секогаш јадам малку, но никогаш не сум следела некој режим на исхрана. Никогаш не сум била болна, ниту пак сум била на некаква операција“, раскажала таа.
Прашана која е тајната за нејзината долговечност, таа одговорила:
„Ред, мир, добра поврзаност со семејството и пријателите, контакт со природата, емоционална стабилност, многу позитивност и бегање од токсични луѓе“.
Сепак, Мартија тврди дека пресудно значење има и генетиката, но и среќата.
Што се однесува до генетиката, и д-р Естелер се согласува со Марија, откривајќи дека неколку члена од нејзиното семејство доживеале 90 години.