Приказната за Американецот, Џими (33), кој наводно пристигнал од Вирџинија, а патува „облечен како Исус Христос“ и на рамо носи голем дрвен крст е извесно време актуелна на социјалните мрежи.
Џими го привлече вниманието на медиумите и додека беше во Варшава (Полска), од каде пеш се упатил кон Киев.
Тој нема проблем да застане, да разговара со локалното население и да направи неколку селфи, а на медиумите им нагласува дека „нема цел“.
Американецот ја напуштил Полска и се упатил кон Киев, со надеж дека ќе стигне до градот, но вели дека се остава во „Божји раце“.
“Не се обидувам да докажам ништо. Би сакал да станам подобра личност и мислам дека ова е најдобриот начин да го направам тоа. Во исто време, го почитувам Бог”, рекол Џими.
Наводно, тој патувал еден месец, шетал и одбивал да биде пренесен во Киев. Тој со задоволство застанува да разговара со оние кои сакаат да го запознаат, пренесува сарајево.ба.
Дознајте повеќе за Џими во видео прилогот.