Бившиот тенисер Горан Иванишевиќ минува низ пекол на приватен план.
Решил да излезе во јавност, но и на суд и да се обиде да го врати луксузниот стан во центарот на Загреб во кој моментално живее неговата поранешна сопруга Татјана Драговиќ со партнерот Влахо Арбулиќ и нивната ќерка, пренесува курир.рс.
Сепак, нема да биде лесно затоа што Иванишевиќ е изигран на филмски начин.
По разводот од Горан Иванишевиќ, на Татјана Драговиќ и останале со два стана вредни милиони. Таа го продала едниот, а за другиот презела незгодни правни маневри за да го заштити. Како да знаела дека во јануари годинава Иванишевиќ ќе поднесе тужба со која ќе бара поништување на договорот и враќање на имотот. Становите кои и останаале по разводот се шестсобен стан со површина од 210 метри квадратни, кој е реновиран пред четири години бидејќи тогаш соседите се жалеле на постојана и долготрајна бучава.
Иако Татјана рекла дека не живее таму, станот бил на нејзино име, а според официјалните податоци сепак е нејзина адреса на живеење. Тој стан Татјана првпат го подарила на својата ќерка Амбер Марија Иванишевиќ (19) минатата година, во април, па формално не е сопственик, што е голема предност во правната битка. Но, поранешната сопруга на Горан Иванишевиќ се погрижила таа и понатаму да го користи станот бидејќи со ќерката се договорила паралелно со подарокот дека таа има право да го „користи станот“. Тоа значи дека додека не потпише поинаку, таа има право да го користи станот без разлика што не е сопственик. Но, заедно со тој маневар, таа одиграла уште еден. Во септември минатата година, само четири месеци пред тужбата на Иванишевиќ, Татјана склучила договор со нејзината сестра Ивона, која живее и работи во Дубаи. Според она што го потпишале сестрите, Ивона и позајмила на Татјана 1,5 милиони евра и напишала белешка на станот додека Татјана не ги врати парите во 2030 година. Така да сестрата Ивона им право на станот врз основа на тој заем, а ова е маневар што дополнително ја усложнува можноста тој некогаш целосно или делумно да му биде вратен на Иванишевиќ.
Татјана по разводот брзо го продала станот на улицата Радничка. Овој луксузен имот опфаќал 434 квадратни метри од новата зграда, од кои 382 квадратни метри се станбена површина, а останатите се тераси. Тој стан и дополнителни паркинг места веќе ги купила во 2014 година претприемачката Мирјам Маша, која е регистрирана во Монако, а хрватските медиуми ја опишаа како богаташка и успешна претприемачка која изнајмува луксузни јахти. Откако го продала станот, на банката и е отстранета хипотеката од 975.000 евра, која наводно била во договор на поранешните сопружници.
Горан Иванишевиќ и неговата нова сопруга Нивес прво живееле во Загреб во луксузен стан во центарот. Трособниот стан со балкон и вкупна површина од 131 квадратен метар, гласел на име на неговата компанија „Фанки сити“. Минатата година во април, истиот месец кога Татјана и го префрлила станот на својата ќерка, Иванишевиќ го продал станот на поранешниот сопруг на Северина Вучковиќ, Милан Поповиќ, односно на неговата фирма „Целанова“. После тоа, сопружниците купиле стан од 144 метри квадратни во куќа на загрепски Сребренјак, а тој имот и бил припишан на Нивес.